Garanti BBVA има намера да ги поддржи одржливите инвестиции и да ги реафирмира амбициите за климатска акција преку својата објава дека запира со финансирање на проекти поврзани со јаглен. Петтата по големина банка во Турција, веќе од 2014 година поддржува само проекти од областа на обновливите извори на енергија, но сеуште има активни кредити во портфолијата за рудници и термоелектрани на јаглен. Банката ќе се усогласи со препораките на IPCC (Intergovernmental Panel on Climate Change), и со тоа е првата банка во Турција со такво обврзување. Garanti BBVA ќе им помогне на клиентите кои работат во секторот јаглен да ги пренасочат своите инвестиции кон позелени технологии, со што ќе ја забрзаат праведната транзиција кон производство на енергија со пониски емисии.
Банката е дел од мрежата на Banco Bilbao Vizcaya Argentaria (BBVA). Оваа мултинационална компанија поседува речиси 50% во турската франшиза. Garanti BBVA исто така е активна во Романија и Холандија.