Насловна / Вести / Турска компанија ќе го гради автопатот Белград – Сараево

Турска компанија ќе го гради автопатот Белград – Сараево

Со потпишување на договорот со турската компанија „Ташјапи“  од една страна, и ЈП „Путеви Србије“ односно  Министерството за градежништво, сообраќај и инфраструктура на Република Србија, од друга страна, означен е почетокот на реализацијата на автопатот Белград – Сараево.

Планирано е низ Србија да се градат две рути кон Босна и Херцеговина. Вредноста на инвестицијата се проценува на една милијарда и 50 милиони евра. Првата планирана рута е од Пожега до Которман, чија вредност е проценета на 830 милиони евра. Втората траса е помеѓу Кузмин и Сремска Рача, со проценета вредност од 210 милиони евра.

Проектот е од огромно значење не само поради зајакнување и подобрување на сообраќајната инфраструктура, туку и како двигател на економскиот развој во регионот.

bg-sa1

bg-sa2

 

Испрати коментар

Scroll To Top