Јапонија е една од најатрактивните дестинации за љубителите на возови. Од возењето со супер брзите чуда на технологијата до живописните туристички возови, патувањето со воз во земјата на изгрејсонцето е сон за многумина. Возот кој сообраќа до живописниот град Такачихо е единствен по многу нешта. Вагоните се во ровова боја, се патува низ прексрасните оризови полиња, а долж руртата се минува и преку највисокиот железнички мост во Јапонија. Но, ово воз е познат и по мирисот на ремен, познатиот јапонски специјалитет, но не затоа што во возот се служи ова јадење, туку затоа што тоа е погонско гориво. Имено, почнувајќи од втората половина на 2022 година, овој туристички воз се движи благодарение на маста од рамен, односно остатоците од ова јадење од локалните ресторани. Јапонското транспортно претпријатие Nishida Logistics, ја издвојува свинската маст од остатоците од рамен, ја прочистува и ја меша со искористени масла за готвење.