Насловна / Вести / Турците го претставуваат својот прв електричен SUV

Турците го претставуваат својот прв електричен SUV

Турскиот технолошки бренд TOGG, ги одбројува деновите до премиерата на својот прв автомобил во C-SUV сегментот, кој се дефинира како „паметен уред“. Во склоп на церемонијата која ќе се одржи на 29-ти октомври со учество на претседателот на Турција, ќе се одржи отворање на производните погони на TOGG во Гемлик. Со отворање на фабриката новиот SUV модел, кој досега се произведуваше во работилницата за прототипови за потребите на разни предпродукциски тестирања, сега ќе биде во целост спремен за масовно производство. Набрзо потоа, TOGG C-SUV ќе биде испратен во акредитираните испитни центри, со цел да се потврди нивната подготвеност за сообраќај.

togg1

togg2

 

Целосно електричниот  C-SUV модел на TOGG, кој ќе биде подложен на хомологациски тестови во времетраење од околу пет месеци, би требало да стигне во продажните салони во март 2023 година. После овој нов SUV, ќе следуваат и компктниот хечбек B-SUV, ккао и C-MPV, со што ќе се комплетира асортиманост на возилата на компанијата TOGG. Овие пет електрични возила ќе користат иста механичка платформа, а TOGG има з ацел да достигне производен капацитет од 175.000 единици годишно и до 2030 година да пласира на пазарот вкупно 1.000.000 возила.

togg3

Испрати коментар

Scroll To Top