Извештајот за хроничното загадување од јагленот во Турција го прикажува товарот за домашниот здравствен систем, како резултат на токсичните емисии од термоцентралите за јаглен. Затоа, Health and Environment Alliance (HEAL) и седум медицински организации од Турција, повикуваат на напуштање на јагленот, како основен чекор кон заштита на човековото здравје. Според извештајот, 28-те термоелектрани на јаглен во земјата со инсталиран капацитет од над 100MW, кои биле во погон во 2019 година, предизвикале сериозни последици по здравјето. Загадувањето на воздугот од овие постројки убива околу 5.000 луѓе годишно и доведува до 3.000 предвремени породувања секоја година. Трошоците кои поради ова ги трпи здравствениот систем изнесуваат 10,9 милијарди евра.
Загадувањето на воздухот предизвикано од индустријата на јаглен, води кон заболувања на срцето и белите дробови, и го зголемува ризикот за многу други заболувања. Термоцентралите на јаглен генерирале 37% од вкупната произведенa елекетрична енергија во 2019 година. Извештајот детално ги елаборира бројките поврзани со здравствените ризици и трошоците во однос на живата, со оглед дека постројките на јаглен с ееден од главните извори на овој полутант. Имено, согоривањето на јагленот е втор по големина антропоген извор на емисии на жива во светот. Во овој извештај, тој се наведува како еден од четирите најсериозни полутанти од термоцентралите на јаглен, покрај прашината, сулфур диоксидот и азотните оксиди.
Авторите на извештајот, укажуваат на недостаток на транспарентност во објавувањето на информациите од страна на надлежните во врска со емисиите на полутанти. Во моментот во фаза на развој се 30 нови проекти за термоцентрали на јаглен, со вкупна инсталирана моќност од 33GW.