Во неделата свечено беше пуштена во погон хидроцентралата „Четин“ (Çetin) во Турција, која ја има најголемата брана од валан бетон (RCC – Rolled Compacted Concrete) во Европа. Станува збор за нова технологија на бетон, која во споредба со класичната изведба е поекономична. Изградбата траела 2,5 години, а постојката има инсталирана моќност од 420 MW. Изведувач на работите е компанијата Limak Group. Лоцирана на реката Тигар, браната има височина од 165 метри. Инвестицијата вреди 600 милиони долари, а очекуваното производство би остварило приход од околу 100 милиони долари годишно.
Новата хидроцентрала се очекува да има значаен придонес во националната економија, со оглед на зголемувањето на учеството на обновливи извори во енергетскиот микс и намалување на увозот на енергија.