Насловна / Вести / Турција основаше своја научна база на Антарктикот

Турција основаше своја научна база на Антарктикот

Минситерот за индустрија и технологија на Турција, Мустафа Варанк, изјави за медиумите дека Турција формирала привремена научна база на Антарктикот, со што се вбројува меѓу земјите кои можат да одлучуваат за иднината на “Белиот континент“. Тој додал дека во моментот третата по ред турска научна мисија на Антарктикот, работи во привремената научна база која во иднина треба да прерасне во постојана база.

turkey1

turkey2

Со меѓународната антарктичка спогодба од 1959 година, со овој континент управуваат Научниот совет за арктички истражувања  – SCAR, и Советот на менаџери на националните антарктички програми – COMNAP. Турција е потписничка на Антарктичката спогодба, но без своја научна база имаше само статус на набљудувач на континетот кој е предмет на сериозен научен интерес. Со отворањето на своја научна база, Турција ќе стане дел од меѓународното тело кое одлучува за Антарктик.

turkey3

 

Испрати коментар

Scroll To Top