Пуштањето во употреба на гасоводот Турски тек може да се очекува во 2017 година, а не во декември 2016 како што претходно најавуваше „Гаспром“, изјави турскиот амбасадор во Москва, Јомит Јардам.
– Турција и Русија досега не стигнале до стадиумот почеток на проектот и затоа не може прецизно да се одреди датумот на пуштање во употреба на гасоводот – додаде тој.
Според Јардам, успешното реализирање на овој проект ќе биде голема победа и за Турција и за Русија.
Турскиот амбасадор нагласи дека во моментов Русија и Турција немаат потпишано обврзувачки договор за овој проект, но и двете земји имаат желба и намера да го изградат гасоводот.