Турција објави прописи за обнова на уништениот регион од земјотресите за да им овозможи на компаниите или хуманитарните организации да помогнат во итната изградбата на нови домови за милиони на кои им е потребно сместување.
Повеќе од 160.000 згради, со 520.000 станови, се урнаа или беа тешко оштетени во земјотресите во Турција, објави Ројтерс.
Бројот на загинатите во земјотресите во Турција е над 43.500, додека во соседна Сирија загинаа близу 6.000 луѓе.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вети дека ќе ги обнови домовите во рок од една година, иако експертите посочија дека властите треба да ја стават безбедноста пред брзината.
Многу преживеани ја напуштија јужна Турција и се сместени во шатори, контејнери и други објекти обезбедени од владата.
Според новите прописи, поединци, институции и организации ќе можат да градат станбени и деловни објекти кои ќе можат да ги донираат на Министерството за урбанизам и потоа ќе им бидат предадени на оние на кои им се потребни, се наведува во претседателскиот указ објавен во Службен весник.
Министерот за правда Бекир Боздаг изјави за CNNTurk дека се упасини 171 лице, а уште 77 луѓе се соочуваат со апсење по истрагата за уривањата на зградите во областа погодена од земјотресот поради прекршување на градежните прописи.
„Сите ќе одговараат пред судовите. Секој ќе биде казнет врз основа на својата одговорност“, рече Боздаг.