Поедноставувањето на процедурите за изградба на капацитети од обновливи извори на енергија и постројки за складирање на енергија, предизвика пресврт во енергетскиот сектор во Турција. Со овие измени, всушност им се овозможува на електраните на обновливи извори на енергија да обезбедуваат базна енергија. Имено, работењето на соларните електрани и ветерните фарми зависи од временските услови. Батериите овозможуваат складирање на произведената енергија и нејзино користење според потребите. Всушност тие се варијанта на реверзибилните хидроелектрани, како одамна позната технологија за балансирање.
Со измените на прописите од 19-ти ноември 2022 година, Турција им дозволува на инвеститорите на постројки за складирање на енергија, да добијат и прелиминарни одобренија за изградба на ветерни паркови или соларни електрани со идентичен инсталиран капацитет. инвеститорите не се двоумеа да го прифатат предизвикот. За помалку од две седмици, поднесени се 334 барања за соларни електрани со складишни капацитети и уште 575 за ветерни фарми. Вкупната моќност изнесува неверојатни 67,3 GW.
Заклучно со месец ноември годинава, електраните на обновливи извори сочинувале повеќе од половината од инсталираниот капацитет во Турција, кој изнесувал 103,3GW.