Насловна / Вести / Турција направи респиратор, се чека одобрение за сериско производство

Турција направи респиратор, се чека одобрение за сериско производство

Министерството за образование на Турција, во рамките на истражувачко – развојната програма  Ar-Ge,  ги произведе првите респиратори во екот на пандемијата на Covid-19. Ресорното министерство, во рамките на оваа програма, во лабораториите и салите на стручните технички училишта ширум земјата стартуваше сериско производство на дезинфекциски и хигиенски средства, заштитни маски, комбинезони, визири и друга опрема неопгходна во оваа криза. Најголем труд и посветеност се вложени во производството на заштитните маски, но се работело интензивно и на развивање на прототип за сопствен респиратор. Првиот респиратот е изработен во техничката гимназија во Хатај и во Техничката гимназија Анадолу. Респираторот е во согласност со препораките и стандардите на Управата за квалитет на медицинска опрема, а сериското производство се очекува по одобрението од надлежните институции.

Заменик министерот за образование на Турција, Махмут Озер вели дека сите технолошки ресурси на образовните институции ги ставиле на располагање. „Почнавме со производство на хируршки маски, заштитни одела, дезинфекциски и хигиенски средства. Напоредно, работевме и на развој на потребните технички уреди. Им дадовме полна поддршка на нашите професори да работат на тоа“, вели Озер. Истакнувајќи дека првиот голем успех е постигнат во Истанбул со иновацијата на машина за брзо производство на заштитни маски, тој особено е горд на изработката на првиот респиратор. „Го направивме нашиот прв респиратор и среќни сме што ќе можеме да ги задоволуваме потребите на нацијата од сопствени капацитети“, подвлекол заменикот министер.

voc1

voc2

voc3

Испрати коментар

Scroll To Top