Насловна / Вести / Турција има зацртано зголемување на обновливците за 50% до 2024 година

Турција има зацртано зголемување на обновливците за 50% до 2024 година

Турција има амбициозни планови да стане 5-тата најголема земја во Европа според инсталираниот капацитет во обновливи извори на енергија и 11-та на глобално ниво, со проектирано 50% зголемување на капацитетите главно во соларна енергија. Во периодот помеѓу 2019 и 2024 година, Турција очекува да додаде 21GW новоинсталирани капацитети за производство на електрична енергија од обновливи извори, достигнувајќи вкупна бројка од 63 GW. „Единствените европски земји кои прогнозираат инсталирање на поголем капацитет од Турција до 2024, се Германија, Франција, Шпанија и Италија,“ се вели во Извештајот за обновливи извори на IEA (International Energy Agency) за 2019 година.

Според последниот извештај на Европската Комисија за Турција, од аспект на ЕУ проширувањето, земјата има направено добар напредок во секторот обновливи извори на енергија, како и во областа на енергетската ефикасност.

solar panels with wind turbine and sunset .concept power energy in nature

turrenw2

turrenew3

Испрати коментар

Scroll To Top