На патот помеѓу Трабзон и Гумшане, Турција гради двоцевен тунел наменет за патен сообраќај низ планината Зигане. Овој тунел ќе биде втор по должина меѓу тунелите од ваков вид во светот, јавува агенцијата „Анадолија“. Yeni Zigane се долги по 14,5 километри и се наоѓаат на историската рута на Патот на свилата, а ќе ги спојува Анадолија, Блискиот Исток, Кавказ и Иран.. Подолг е само тунелот во Кина со долшина од 18 километри.
Работите на изградбата на тунелот започнати с ево април 2016, а првите бушотини од страната на Трабзон започнати се во август мината година. Досега веќе се ископани 1,5 километри од тунелот.
Со изградбата на тунелот Yeni Zigane ќе се избегне сообраќај низ речиси 100 километри долг и напорен планински пат, што ќе донесе голема заштеда во времето за патување, но и сериозно подобрување на сигурноста во сообраќајот во овој регион. Дополнителен бенефит за развојот на регионот носи и поврзувањето на Гумшане со аеродромот и пристаништата во Трабзон. Инвестицијата се проценува на 160 милиони долари.