Насловна / Вести / Турција го доби најголемото складиште за природен гас во Европа

Турција го доби најголемото складиште за природен гас во Европа

Со зголемувањето на капацитетот на складиштето за природен гас во Силиври, во близина на Истанбул, Турција од минатата недела го поседува најголемото складиште за природен гас во Европа. По тој повод, во Силиври е приредена програма по повод на завршувањето на проектот за проширување на капацитетот на подземното складиште на природен гас, при што свое обраќање имал претседателот Ердоган.

silivri1

silivri2

„Со зголемување на капацитетот, Силиври стана најголемо подземно складиште во Европа. Влагуваме во нова ера, во која својата земја ќе ја доведеме до врвот, собирајќи ги плодовите на трдот кој го вложуваме во последните 20 години. Нашата цел е да бидеме глобален центар во кој ќе се одредува референтна цена на природниот гас. Определивме енергетска визија за намалување на надворешната зависност од примарни енерегтски ресурси од 71 на 13% до 2053 година“, рекол Ердоган. Со проширениот капацитет, складиштето ќе може да задоволи 8% од годишните потреби од природен гас на земјата. Потребите на овој објект од електрична енергија ќе ги обезбедува ветерна турбина со капацитет од 4,2 MW. Складишниот капацитет е зголемен од 3,2 милијарди на 4,6 милијарди кубни метри.

silivri3

 

Испрати коментар

Scroll To Top