Овој објект се наоѓа во градот Орлеан во Франција и е со културен карактер, но со мешана намена. Од страна на архитектите од архитектонското студио Jakob + Macfarlane Architects, овој објект е замислен како изложбена галерија со аудиториум, но сепак со флексибилни намени. Се простира на простор од 3.400 м2, изграден е во 2013 година и чини 8,5 милиони евра.
Архитектонскиот концепт на овој простор е да се опфати целиот влезен простор, кој ја опфаќа целата површина на интервенцијата. Идентификувани се две преовладувачки решетки кои произлегуваат од историскиот контекст во кој се наоѓа овој објект.
Целта на архитектите била не само да се создаде пејзаж, туку и топографска површина. Овие површини не само што ги мешаат своите градежни мрежи и структури, туку, во внатрешноста може да се каже дека се комбинираат и изложбените простори кои првично се замислени како две различни дела.
Секој од овие делови на овој „бурен и турбулентен“ објект сорджи своја програма, па така првиот и највисокиот дел е наменет за привремена изложбена галерија со свои придружни сценографски простории, понискиот дел е наменет за аудио-визуелна галерија, а третиот, најнизок дел како влезно лоби.