Сообраќајниот тунел низ планината Созина, меѓу Вирпазар и Бар, за 10 години работа, веќе самиот се отплати. Тунелот оствари приходи речиси рамно на износот на нивото на парите кои се инвестирани во неговата изградба. Од фирмата Монтепут, по повод на 10 годишнината на тунелот Созина, соопштено е дека од тој тунел, заклучно со 2014 година, профитот е над 67 милиони евра, а цел проект чинел 74 милиони евра.