Fundación EcoInclusión е компанија која победила на регионалниот натпревар „Google.org Challenge“, а се работи за аргентинска непрофитна организација основана во 2015, од страна на група млади луѓе кои промовираат изградба на поправедно и одржливо општество. Ecoinclusión работи на намалување на пластичниот отпад, поточно PET шишиња, така што произведува тули од овој вид отпад. Овие тули се наменети за изградба на згради во загрозените подрачја, со цел создавање еколошка и општествена свест, како и учество на заедницата. Тулите имаат техничка дозвола – сертификат кој им е доделен од страна на UN-Habitat Secretariat. Развиени се и патентирани од страна на Ceve-Conicet. За да се произведе една ваква тула потребно е да се рециклираат 20 пластични шишиња. Карактеристиките се исти со глинените тули, но има подобри својства во однос на топлинската изолација.