Целта на проектот на куќата House AA во Puerto de Sagunto, Шпанија е да одговори на аголот на блокот каде се нуди континуирана височина, без рабови, нуди да се види од сите агли, без давање приоритет на еден поглед над другиот. Кривата сфатена како континуирана линија станува работна алатка за куќа која има за цел да биде дел од околината која ја опкружува.
Базата од тули ја решава средбата со нивото на улицата и го поддржува континуираниот и стратешки перфориран елемент кој го изразува просторното богатство на внатрешностa. „Во внатрешноста, куќата не се покорува на однапред утврдените наредби, дозволувајќи да се откриваат простори и поврзуваат заедно за да погледот и природната светлина секогаш бидат во движење“, велат проектантите на објектот од бирото Horma за ArchDaily.
На подрумот и приземјето се потпира волуменот кој го материјализира првиот кат и покривот. Низ целата фасада поставени се отвори кои нудат природна светлина до многу специфични внатрешни простори. Приземјето вклучува простории за дневна употреба, се подразбира како единствен простор чија употреба е конфигурирана од различни кривини и рамнини. Дворот, е споен со внатрешноста со стаклото и создава уникатен простор што го завршува патувањето, а зелената боја на вегетацијата ја сочинува границата помеѓу куќата и улицата.
Играта на висини и меѓукатови, овозможува поголемиот дел приватни простори да се најдат на следните нивоа, а тоа се спалната и работната соба. Патеката на движење се искачува и завршува на кровот, отворен и уникатен простор каде низата простори и употреби повторно е ограничена со рамнини со различна висина и кривини. Тука, базенот го следи остатокот од проектот со јазик и форма и станува еден од неговите единствени простори.
Тула, вегетација и облини се елементите задолжени за материјализирање на куќата од 250 квадратни метри, која изгледа дека не следи одреден ритам, но тоа несомнено е смислено и милиметарски дизајнирана за нејзините нови жители.