Во минатото, па се до денес, трпезариите, и воопшто просторите каде што се припрема и консумира храната, се едни од најважните простори во домот.
За разлика од денес, во минатото не се давало големо значење на ентериерното уредување на трпезариските простори, па така тие беа само просторот каде се сервира и консумира храната на едноставни столици и евентуално заедничка маса, и тука завршувала целата приказна околу нивното уредување.
Денес, работите околу трпезариските простори се менуваат и со поголемото внимание кое им се посветува во уредувањето на ентериерите, им се враќа некогашното значење, кое несомнено е на врвот. Во продолжение претставуваме галерија од повеќе вакви простори, уредени на различни начини и во разни материјали, но, сепак, секој од нив го потенцира значењето на овој простор.