Насловна / Архитектура / Troll Hus – Sugar Bowl: Ненаметлив инспиративен концепт

Troll Hus – Sugar Bowl: Ненаметлив инспиративен концепт

Сместена во Sugar Bowl Ski Resort, 2,5 часа североисточно од Сан Франциско, Troll Hus е викендица со пет спални соби кои се наменети во нив да може да уживаат истовремено три генерации. Скриена во планинските масиви и поставена во високите алпски шуми, Troll Hus е проектирана според желбата на нејзините сопственици, кои имале идеја за модерно и затскриено засолниште со постојани контакти и визури кон природата.

Image-MORKULNES-TROLLHUS-56200-PH_01_photo©BruceDamonte

Основата на оваа куќа е нетипична за планинскиот амбиент во кој ги минимизира експанзивните погледи, а всушност истовремено ги нагласува погледите кон соседната ледина.

Норвешкото потекло на архитектот Casper Mork-Ulnes’s (Mork-Ulnes Architects), многу влијаеше на начинот на кој тој ја осмисли куќата. Иако скромна, мала и без дополнителни елементи, едноставноста на оваа куќа потсетува на дрвените колиби од детството, кои служат како засолниште или само за игра. Тоа е комбинација од мотото на Северна Калифорнија „можам да го направам“ и иновативниот скандинавски дух.Image-MORKULNES-TROLLHUS-56200-PH_06_photo©BruceDamonte

Впечатокот што го остава овој објект и влијанието на околина е такво што е во кохезија со неа. Нежно и тивко, овој објект е поставен во постоечкиот пејзаж и комплетно се вклопува во него. Инспиративнот концепт е сосема ненаметлив помеѓу дрвјата и тој беспрекорно и вешто се вклопува помеѓу нив.Image-MORKULNES-TROLLHUS-56200-PH_05_photo©BruceDamonte

Овој објект во суштина е поставен и поткачен на бетонска основа, која им овозможува на корисниците во текот на зимата да се заштитат од големите наноси на снег кои се карактеристични за овие предели, а истовремено овие простории во приземјето се користат и како депо за ски опремата и слично. На првиот кат, пак, кој сега се третира како влезно ниво во куќата, се пристапува преку скалите поставени во приземјето, а во летниот период до терасата на првиот кат се пристапува преку надворешните скали.Image-MORKULNES-TROLLHUS-56200-PH_18_photo©BruceDamonte

Организацијата на основата во внатрешноста е направена според потребите на клиентот. Три спални соби наменети за родителите (втора генерација) и две бањи, како и една спална соба со седум кревети наменета за децата, се наоѓаат на првиот кат на оваа куќа. Додека, пак, „господарската“ спална соба наменета за возрасните родители (баба и дедо) се наоѓа на вториот кат и во склоп на неа има и голема бања. Image-MORKULNES-TROLLHUS-56200-PH_17_photo©BruceDamonte

Исто така, на вториот кат се наоѓаат и дневната соба, кујната и трпезаријата, каде сите членови на семејството заеднички го поминуваат времето. Големиот простор на дневната соба и кујната, кој е интегриран во една целина, е целосно застаклен кон запад и југ, и овие застаклувања се подвижни и целосно може да се отворат. Во текот на летото, семејството може да ужива на надворешната тераса заштитена од покривот, а во текот на зимата, стаклените прегради можат да се затворат и низ нив да се ужива во погледот на густите крошни на зимзелените дрвја.

Image-MORKULNES-TROLLHUS-56200-PH_04_photo©BruceDamonte

„Сопствениците беа во потрага по опуштена и гостопримлива средина за живеење. Ние предложивме внатрешна атмосфера која истовремено е и опуштена и прозрачна. Отидовме на прочистена, речиси соголена естетика. Едноставноста е луксуз“, вели Lexie Mork-Ulnes, сопруга на архитектот, која беше задолжена за дизајнот на целиот ентериер во куќата.Image-MORKULNES-TROLLHUS-56200-PH_16_photo©BruceDamonte

Внатрешноста на оваа куќа е целосно обвиткана во дрво, па така овој топол материјал се користи на подовите и плафоните на куќата, како и за мебелот што Lexie специјално го дизајнирала за овој објект, како што се клупата на трпезариската маса и бар столчињата. Нарачаниот мебел, пак, е во скандинавски стил и тој е со рустични елементи, како и неколкуте антиквитети кои претставуваат интересни детали во просторот, а доаѓаат од колекцијата на сопственикот, кој е пензиониран продавач на антиквитети.

Надворешноста на куќата е обложена со дрвени летви со дмензии 2 х 4 см и тие се обложени со катран. Ова е типична норвешка техника за заштита на дрво од надворешни влијанија и инсекти, која се употребувала кај црквите од средниот век.Image-MORKULNES-TROLLHUS-56200-PH_20_photo©BruceDamonte Image-MORKULNES-TROLLHUS-56200-PH_22_photo©BruceDamonte

Најголемиот предизвик е да се изгради куќа во место кое во текот на зимата е затрупано со снег. „Планирањето на изградбата беше од суштинско значење. Главната структура е изградена во текот на летото додека камионите сè уште може да пристапат до ова место. До крајот на есента 2013 година, објектот беше завршен и затворен од надвор, па така во текот на ладната зима мајсторите продолжија да работат во неговата внатрешност, заштедувајќи на континуираното чистење и отстранување на снегот, како и ненарушувајќи ги природните процеси на пејзажот. Користевме моторни санки за транспорт на работниците и градежните материјали до локацијата“, раскажува архитектот.2016.01.26 - PR set 2nd floor plan 3rd floor plan

Текст: Susanne Lambert, (специјално за Порта 3)

Фотографии: Bruce Damonte

 

Испрати коментар

Scroll To Top