Со помош на 3D печатач и детална карта на Њујорк, направeни се керамички плочки кои се продаваат на Kickstarter.
Ако не можеме да живееме на Менхетен, тогаш барем можеме да го „ставиме“ на ѕид.
Имено, архитектонските фирми AJSNY и TO+WN design дошле на заедничка идеја да направат декоративни керамички плочки со мотиви од најпосакуваниот дел на Њујорк.
Секоја плочка може да биде детаљ за себе, но вистинска работа се добива кога правилно ќе се организираат во сет на плочки, со што се добива сопствен микро Менхетен.
Дизајнерите првично и детално ја скенирале мапата на Менхетен со сите објекти и препознатливи градби, и потоа тргнале во 3D печатење на минијатура од овој дел од градот во размер од 1:5000.
Првично, овие плочки биле предвидени да служат како декоративен елемент на комерцијалните објекти, но наскоро бил забележан и нивниот комерцијален потенцијал, пишува Designboom.
Целата колекција од 200 индивидуални плочки, кои заедно го сочинуваат целиот приказ на Менхетен, сега може да се нарача на Kickstarter.
Малопродажната цена на секоја плочка од 15×15 сантиметри е 114,65 долари, додека цената на целиот сет е 20.000 долари.
По Менхетен, се планира и проширување на проектот во други делови од Њујорк и во други градови во светот.