Насловна / Вести / Трите планински пруги во Индија – светско наследство на УНЕСКО (ВИДЕО)

Трите планински пруги во Индија – светско наследство на УНЕСКО (ВИДЕО)

Овие кривулести пруги, кои минуваат низ ридските региони на Индија, претставуваат врв на инженерските достигнувања, поради што се вклучени во списокот на светско наследство на УНЕСКО.

Британската колонизација на Индија зад себе оставила барем една традиција која сè уште се одржува и негува до денес – широко распространет железнички систем. Иако брои илјадници и илјадници километри, ниту еден дел од системот не е поимпресивен од трите планински пруги – признати како светско наследство: Хималајската пруга Дарџилинг, планинската пруга Нилгири и пругата Калка Шимла.

tri

Овие линии им нудат на патниците авантура по нерамен планински терен. Во исто време го издржуваат тестот на времето, потврдувајќи го епитетот на извонредни инженерски достигнувања, чија најважна улога била поврзувањето на изолираните заедници во овој планински регион.

Хималајската железничка пруга Дарџилинг – често нарекувана „воз-играчка“ поради својата мала големина – отворена е во 1881 година.

dar1

Инженерскиот проект што ја воспоставил оваа железничка линија не бил ништо помалку од монументален. Првобитната линија долга 82 километри се искачувала од 120 метри надморска височина во Силигури до околу 2.257 метри во Гум.

d3

Планинската пруга Нилгири се протега 46 километри по планински терен во државата Тамил Наду. И за разлика од хималајските железници на север, оваа парна линија се искачува низ џунглите на југ, издигнувајќи се кон Удагамандалам. Во оваа станица во ридовите, некогаш наречена Оотикамунд, британските официјални лица барале спас од жештината.

nil

Линијата Нилгири е проектирана во 1854 година, но регионалната топографија многу ја отежнала работата, па со изведба се започнало дури во 1891 година. Работите траеле речиси две децении пред официјално да биде отворена во 1908 година. И денес, едноколската пруга се искачува кон облаците од височина од 326 метри до 2.203 метри.

nir1

Железничката пруга Калка Шимла со тесен колосек, која се протега 96 километри и се искачува на околу 1.420 метри, проектирана и изградена е кон крајот на 19 век, за да можат странските владетели на Индија полесно да избегат од топлината во летната престолнина Раџа.

kalka1

Пругата минува низ 102 тунели, од кои најдолгиот е 1.143 метри. Исто така, поминува преку 864 мостови, од кои многу се наоѓаат на неколку нивоа на лачни галерии кои потсетуваат на аквадуктите на антички Рим.

kalka

Овие пруги се историско свето тројство за љубителите на возови, но се и многу повеќе од реликвии покриени со прашина. Сите три и денес се целосно оперативни, иако се препуштени на милост и немилост на сезонските бури – кои можат да ги исперат патеките, по што се потребни опсежни поправки. Одржувањето на ова богатство може да биде тешко и скапо, но нивната популарност меѓу туристите им помага да продолжат со работа.

Испрати коментар

Scroll To Top