Насловна / Арт и дизајн / Триптих на Френсис Бејкон продаден за 80 милиони долари

Триптих на Френсис Бејкон продаден за 80 милиони долари

aukcija bejkon_2

Триптих на британскиот сликар Франсис Бејкон беше продаден на аукција во Њујорк за 80 милиони долари, а дело на Енди Ворхол за речиси 63 милиони долари, соопшти британската куќа „Кристи“ која секоја година во Њујорк ја организира својата пролетна аукција.
Триптихот „Три студии за портрет на Џон Едвардс“, кој се состои од три платна насликани во 1984 година, продаден е за 80.805 милиони долари на еден клиент кој учествувал на аукцијата преку телефон.

aukcija bejkon_1
Инаку „Кристи“ во февруари продаде портрет на Бејкон, на кој е прикажан неговиот љубовник и муза Џорџ Даер, а беше продаден за повеќе од 42 милиони фунти.
Тоа е највисоката цена постигната за само една слика на Френсис Бејкон (1909-1992).
Триптихот „Три студии на Лусијен Фројд“ на Бејкон продаден е минатата година на аукција во Њујорк за 142 милиони долари, што беше светски рекорд за едно уметничко дело продадено на која било аукција.

Испрати коментар

Scroll To Top