Трибина на тема „Либерализација на електроенергетскиот сектор во Република Македонија“ се одржи по повод 55-годишнината од основањето на Факултетот за електротехника и информациски технологии и 20 години од основањето на Македонскиот комитет за големи електрични системи.
На трибината говореа истакнати стручни лица и претставници на институциите и компаниите во Република Македонија, како и гости од странство, при што беше даден осврт на досегашното искуство и нивните очекувања од либерализацијата на електроенергетскиот сектор во Република Македонија.