Во населбата Триангла ќе се гради атмосферска канализација, а проектот предвидува во оваа фаза да се изградат 561,21 метри. Советниците на Општина Гази Баба донесоа одлука со што е исполнет условот за потпишување договор за грант за изградба на атмосферска канализација во ова населено место.
Средствата за изградбата ќе се обезбедат од Европска инвестициска банка, а реализацијата на градежните зафати во првата фаза од проектот ќе чини 6,7 милиони денари. Парите ќе се обезбедат преку Владата, а ќе се добијат по завршување на постапката за избор на најповолен понудувач.