Да, оваа триаголна, остро исечена стаклена зграда е всушност огромна гаража за велосипеди во која од денес ќе можат да уживаат сите жители на Упсала во Шведска.
Сместена веднаш до централната градска станица, оваа фасцинантна триаголна зграда крие доволно простор за сместување дури 1.200 возила, а во исто време служи како единствен промотор на еколошка и социјална одржливост.
Архитектите што стојат зад овој проект биле решени од самиот почеток да создадат совршена комбинација на практична функционалност и силен концепт за дизајн, обидувајќи се да ја направат областа побезбедна, истовремено зајакнувајќи го идентитетот на градот како велосипедска заедница. Ова е токму една од клучните причини зошто е избрана транспарентна фасада за оваа гаража, која инаку се наоѓа во прилично мрачен и небезбеден дел од градот.
Не само што совршено дозволува програмираното осветлување рамномерно да се шири низ зградата, туку автоматски ги прави патниците побезбедни ноќе и во текот на зимата. Дрвената конструкција во внатрешноста на зградата само дополнително го нагласува овој дел од безбедносната приказна, при што дрвените греди се со различни светлосни ефекти за целосна атмосфера.
Инаку, двата ката на оваа гаража се поврзани со дрвена рампа, што овозможува возење велосипед меѓу катови. Отворената дрвена конструкција покриена со стаклена фасада со црни челични лајсни и дава на зградата силно чувство за идентитет, додека стаклото совршено ја отсликува неговата околина, правејќи го целиот простор едноставно да „исчезне“ под одредени агли.
Бетонот, дрвото и црниот челик се внимателно избрани за да му дадат чувство на леснотија на овој проект, додека на зградата и даваат посебен, но повторно не премногу комплициран изглед. Еколошката и социјалната одржливост била камен -темелник на целата оваа градежна авантура, така што зградата е збогатена со соларни ќелии на покривот, која не само што е дизајнирана да апсорбира вишок вода од обилните дождови, туку функционира и како четврти тип на фасада кон многуте високи згради околу оваа гаража.