Насловна / Вести / Три земји од ЕУ веќе ги остварија целите за обновливи извори на енергија

Три земји од ЕУ веќе ги остварија целите за обновливи извори на енергија

obnovliva energija1

Три земји членки на Европската Унија веќе ги исполнија зададените цели за застапеноста на обновливите извори на енергија до 2020 година. Овие информации се објавени на веб страницата на Eurostat. Се работи за Бугарија, Естонија и Шведска. На Литванија, Романија и Италија им недостасуваат уште само 0,5% до зададената цел за 2020-та.

eurostat
Земјите членки на ЕУ  учествуваат со 11% во глобалната емисија на стакленички гасови. Севкупно анализирано во 2014-та, ЕУ обезбедувала 15% од своите енергетски потреби преку обновливи извори, што е за половина повеќе во однос на 2004-та од кога започнува статистичкото следење на ниво на ЕУ. Најголем удел на обновливи енергетски извори во енергетскиот микс има Шведска, а најмал Луксембург.

 

 

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top