Три словенечки општини од Шалешката долина потпишаа договор за соработка со термоелектраната „Шоштањ“ и комуналното претпријатие Велење, со цел локалните системи за далечинско греење да се декарбонизираат, односно од фосилни горива да се префрлат на „чисти“ извори како топлински пумпи, соларни електрани и сл. За реализацијата на овој проект се смета на помош од ЕУ фондовите за спроведување на праведна енергетска транзиција. Станува збор за општините Велење, Шоштањ и Шмартно од Паки, чии системи за далечинско греење се потпираат на топлинската енергија од термоелектраната на јаглен „Шоштањ“.
Алтернативата е изградба на големи топлински пумпи на локацијата на термоелектраната „Шоштањ“, соларни термални електрани, како и топлински пумпи на постројките за пречистување на отпадни води. Инаку Словенија планира да престане со експлоатација на јагленот до 2033 година. Далечинскиот систем за греење во Шалешката долина снабдува над 35.000 потрошувачи со топлинска енергија за греење, и кога бил пуштени во функција во 1959 бил прв ваков систем во тогашната СФРЈ.