На изложби во Париз и во Лондон ќе бидат изложени три акти на Пабло Пикасо насликани во 1932 година, кои не се прикажани заедно речиси сто години.
Nude, Green Leaves and Bust, Nude in a Black Armchair и Girl before a Mirror ја прикажуваат љубовницата на Пикасо, Мари-Терез Валтер.
Актите ќе бидат дел од изложбата на дела од уметници од 1932 година. Лондонскиот музеј „Тејт Модерн“ во најавата за изложбата соопшти дека 1932 година се смета за година на чудата за Пикасо. Кустосот Ахим Борхард Хјум додал дека луѓето тогаш се прашувале дали тој уметник е вреден или веќе е минато.
Изложбата „Пикасо 1932 – љубов, слава, трагедија“ ќе биде поставена во музејот на Пикасо во Париз од 10 октомври годинава до 11 февруари 2018 година, а во „Тејт Модерн“ од 8 март до 9 септември 2018 година.
Сликата Nude, Green Leaves and Bust е продадена за 106,5 милиони долари во Њујорк во мај 2010 година и тогаш беше најскапо уметничко дело продадено на јавна аукција. (Макфакс)