Peter Bahouth е голем љубител на природата и одржливиот развој, кој отсекогаш сакал да ги гради своите куќи на дрво. На имотот близу својот дом во Атланта со локалниот мајстор Nick Hobbs изградил прекрасна три куќички на дрво кои се поврзани со висечки мостови. Секоја куќичка е изградена од рециклирани материјали и уредени се со антички мебел. Градбите се именувани „Ум“, „Тело“ и „Дух“.
Така, првата куќа е осмислена како дневна соба и место за дружење со пријателите, втората како спална соба и место за релаксирање, додека третата и највисока поради својата позиција, е замислена како место за набљудување на зајдисонцето или ѕвезденото небо во текот на ноќта.