Компаниите од југоисточна Европа стартуваат поамбициозно на полето на декарбонизацијата и стануваат повидливи на ниво на Европа. Производителите на фосилни горива и рафинериите влечат субвенции во обид да се позиционираат на идниот пазар, а полека ги стигнува и цементната индустрија, чии препреки на патот кон климатска неутралност се меѓу најголемите.Еден од начините е емисиите на јаглерод диоксид од производните процеси да се зафатат односно заробат и трајно да се складираат. Н атој начин тие нема да доспеат во атмосферата. Европската комисија го поддржува развојот на технологиите за зафаќање и склаирање на јаглерод (Carbon Capture and Storage – CCS), иако тие сеуште не се исплатливи. Постои и варијанта за искористување на дел од CO2 во индустриски цели.
На третиот повик за големи проекти за зелени технологии, Европската комисија селектираше 41 проект кои ќе добијат грантови од Фондот з аиновации на ЕУ во вкупен износ од 3,9 милијарди евра. На повикот биле доставени вкупно 239 предлог проекти. Меѓу избраните проекти се три компании кои работат на Балканот, а сите три учествувале со проекти за зафаќање на јаглерод . Грчката компанија Motor Oil Hellas добила 127 милиони евра за проектот IRIS за производство на нискојаглероден водород и метанол со користење на систем за зафаќање на јаглерод. Оваа компанија има намера да го зафаќа јаглеродот од постројка за производство на син водород, лоцирана во една од нејзините рафинерии. Инаку Motor Oil заедно со националната компанија за производство на електрична енергија Public Power Corp. (PPC), претходно го формираа заедночкото претпријатие Hellenic Hydrogen, за производство на „зелен“ водород. И втората компанија добитник на грант е исто така од Грција, Titan Cement. Компанијата планира да произведува цемент без емисии на јаглерод диоксид во атмосферата, односно емисиите на јаглерод диоксид ќе се зафаќаат веднаш по согорувањето. Се очекува дека на тој начин тие ќе се намалат за 98,5%. Третата компанија е подружницата на Holcim во Хрватска. Нивниот проект се вика KOdeCO net zero. Овој производител на цемент работи на првиот комплетен синџир на CCS во оваа земја. зафатениот CO2 би бил пренесен на првата локација во Средоземното море за складирање во геолошките формации погодни за тоа.