Насловна / Вести / Три активистички приказни кои ја одбележаа 2022 година: аларм за заспаната јавност

Три активистички приказни кои ја одбележаа 2022 година: аларм за заспаната јавност

Климатската акција минатата година се истакна по смелоста и креативноста, а некои потфати се најдоа на граница на осуда. Целта беше иста – да се алармира јавноста дека без конкретна акција не може да се очекува ублажување на климатските промени. Првото барање на климатските активисти е да се запре со користењето на фосилните горива, но повикуваат и на климатска правичност во процесите на енергетска транзиција.

1. Грета Тунберг

Неодамна Грета Тунберг се соочи со еден инфлуенсер кој се пофалил на социјалните мрежи со своите скапи и луксузни автомобили, прозивајќи ја токму Грета Тунберг. Би можело да се каже дека на таа крајно неприкладна прозивка, предводничката на младата генерација на климатски активисти реагирала многу ефектно. Со еден духовите твит ја поклопува секоја расправа во врска со „коњските сили“.  Get a life, вели Грета, како рецепт за максимумот на капитализмот преточен во луксузот.

aktivizam1

aktivizam2

 

2. Го скратиле врвот на божиќната елка

Во Берлин, две активистки од климатската група Last Generation, го отсекле врвот на голема божиќна елка пред Бранденбуршката капија. Истакнале транспарент на кој пишувало: „Ова е само врв на божиќна елка“, со што очигледно истакнуваат дека Германија во овој момент се соочува со почетната фаза од климатската криза. Интересно е дека сето ова го набљудувале и полицајци, кои во дадената ситуација не претпоставиле дека се работи за саботажа на прославата, туку дека станува збор за дополнително украсување на елката. Германскиот канцелар Олаф Шолц не бил благонаклон кон оваа акција и истакнал дека активистите би можеле да бидат малку покреативни.

aktivizam3

aktivizam4

3. Со домати по сончогледите на Ван Гог

Минатата година вознемирени беа и љубителите на уметноста, трговците со уметнички дела, кустоси и историчари на уметноста, додека музеите с ево страв дали некој од посетителите ќе ги измачка делата на Ван Гог со сос од домати, или пак со компир пире делата на Моне. Активистите се одлучија за ваква тактика со цел да го привлечат вниманието на јавноста.

aktivizam5

 

Испрати коментар

Scroll To Top