Насловна / Вести / Трговскиот „Рамстор“ со нова фасада

Трговскиот „Рамстор“ со нова фасада

rsz_рамстор
Трговскиот центар „Рамстор“ годинава ќе биде реконструиран и ќе добие нова фасада. Зградата е амортизирана, и тоа е причината што раководството се одлучило на ваков чекор, информира Елида Трајковска од односи со јавноста во трговскиот центар „Рамстор“. Објектот ќе се обнови и однатре и однадвор. Таа изјави дека поминале девет години од отворањето на трговскиот и дека мора да се преземе нешто и да се следат светските содржини.

Проектот е готов и е предаден на одобрување во нивната матична фирма во Турција, а барањето за градежна дозвола во општината Центар ќе го достават најдоцна за еден месец. Ако биде одобрено, градежните активности би требало да почат во април или во мај.

„Рамстор“ е првиот трговски центар со глобални стандарди во Македонија и пошироко во регионот со повеќе од 90 избрани дуќани, кои ги задоволуваат вкусовите, потребите и буџетот на посетителите. Тој почна да функционира на 11 јуни 2005 година и е синџир на интернационалните малопродажбени супермаркети на „Мигрос Турк Т.А.Ш.“, кој е дел од „KОЧ холдинг“.

Испрати коментар

Scroll To Top