Heatherwick Studio го претстави разбрануваниот дизајн во облик на песочен часовник за Hanwha Galleria, познатиот трговски центар во Сеул. Предложениот проект содржи две симетрични кристални згради со осветлени атриуми и кровови исполнети со растенија. Нивните брановидни стаклени фасади создаваат мек, блескав ефект во текот на денот. Овој проект произлезе од конкурсот чија цел беше повторно да се обмислат шест локации во главниот град на Јужна Кореја. Проектната задача повикувала на концепт кој ќе ги доведе во прашање конвенционалните претстави за луксузни трговски центри и ќе го потврди растечкото влијание на Јужна Кореја како глобална културна сила. Проектот, исто така, го следи неодамнешното објавување на назначувањето на Тhomas Heatherwick, основачот на студиото, за генерален директор на петтото издание на Биеналето на архитектура и урбанизам во Сеул, што ќе се одржи во 2025 година.
Проект насочен на јавното
Hanwha Galleria, сместена е на голема раскрсница со поглед на реката Хан. Проектот служи како фокусна точка помеѓу станбените и трговските четврти на Gangnam и се усогласува со визијата на градот за ревитализација на бреговите на реката Хан. Проектот на студиото Heatherwick ја редефинира врската на продавницата со локалното подрачје преку трансформирање на фасадата и околните простори во јавни површини достапни за секого, без разлика дали купуваат во трговскиот центар или едноставно уживаат во близина. Овој пристап е во спротивност со традиционалните трговски центри свртени кон внатре, поттикнувајќи поинклузивна и поинтегрирана урбана средина.
„Традиционално, трговските центри се причично свртени кон внатре, затворени се кон околните улици. Но, овде имаме важна раскрсница во Apgujeong со две згради, источна и западна, што се делуваше како можност да се зближат луѓето“, вели за Designboom Neil Hubbard, партнер и раководител на групата во британското архитектонско биро. „Во комбинација со амбицијата на Hanwha да внесе повеќе активности во зградите, сакавме да пружиме моќна целокупна силуета што создава порта, но исто така им дава на жителите на Сеул нови простори како градини за средби, купување и уживање во нивниот град.“
Разбранувани силуети и високо поставени зелени површини
Hanwha Galleria има две симетрично спротивставени згради близначки – слични, но не идентични – поврзани со подземен премин. Над терен, нивните силуети имитираат брановидни песочни часовници, а потесните делови служат како јавни простори исполнети со природа. На ниво на улицата, препознатливите форми на зградите поставени се на начин да се усогласат со погледите на реката Хан, погледи низ и меѓу нив.
Додека посетителите се искачуваат од редизајнираниот влез на метрото, пречекани се во проѕирни атриуми исполнети со светлина, што водат до уредените плоштади на приземје. Нивното патување продолжува во отворена градина на средното ниво со кафулиња, ресторани и продавници. Крововите преполни со растенија нудат дополнителни зелени површини и заедно со стаклените фасади обезбедуваат разновидни погледи и рефлексии на градот. Овие површини на отворено проектирани се да ја покажат природната убавина во текот на целата година со избор на автохтони растенија и внимателен уредување на околината.
Двете згради имаат двослојна обвивка, што ја подобрува одржливоста и обезбедува платформа за уметнички изложби и настани. Екстериерот од кристално стакло дава чувство на мекост во текот на денот, додека во текот на ноќта, надворешниот слој се трансформира во живописна позадина за блескави проекции.