Namba Parks во Осака, Јапонија, е најпосакуваниот трговски центар што досега е изграден. Тој ја руши типичната слика на долги и непрегледни низи на продавници и комплетно го руши стереотипот за трговски центри.
Овој огромен трговски центар е изграден на локација од стар стадион за бејзбол. Најинтересни карактеристики му даваат градините што се простираат на осум ката, во различен облик како шуми, тревници, потоци, водопади, езерца па дури и простор за одгледување на зеленчук.
Проектот за Namba Parks е покренат откако се затвора стариот стадион и претставува одличен момент да се ревитализира таа урбанистичка област блиску до железничката станица и аеродромот. Бидејќи претставува прва локација со која се среќаваат туристите кога ќе пристигнат во Осака, сопственикот на земјиштето бара репрезентативен објект кој Осака ќе ја претстави во сосем ново светло. На тој начин, бирото Jerde Partnership го создава овој трговски центар како голема зелена оаза сместена сред густо населените улици во Осака.
Кровниот парк скалесто се искачува на осум ката и на минувачите им дава чувство на присутност во природа, а не на кров на трговски центар. Одма под паркот, „врежаните кањони“ се шират низ центарот и ги поврзуваат продавниците, рестораните и клубовите. Тука се сместени и платформи за настапи во живо и разни перформанси.