Насловна / Архитектура / Тргната дивоградба, споменикот на Андон Јанев-Ќосето

Тргната дивоградба, споменикот на Андон Јанев-Ќосето

Споменикот на Андон Јанев-Ќосето утрово е тргнат од тревникот кај крстосницата на Врховниот суд во Скопје. Ова е еден од петте споменици кои Град Скопје ги постави на 7 септември 2014 на различни локации, а кои ги доби како донација од Здружението за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради од Лерин.

косе

Министерството за култура во 2017 година формираше работна група која прави анализа на проектот „Скопје 2014“. Уште пред неколку месеци работната група нагласи дека споменикот на Ќосето прв ќе се тргне. Тие во своите анализи констатираа дека споменикот на Ќосето е дивоградба, сместена на узурпирано земјиште, нивна препорака беше Град Скопје да го отстрани и да го врати земјиштето во првобитна состојба.
Работната група во нивната анализа објасни дека Градот Скопје излегол од своите надлежности кога ја донел одлуката да се постави споменикот на Андон Ќосето на постојната градежна парцела, затоа што надлежно за споменици од национален интерес е само Собранието на РМ. Законот предвидува парламентот, а не Советот на Град Скопје, да се произнесе за поставувањето на споменикот. Со тоа што одлуката ја донел градскиот совет е прекршен Законот за меморијални споменици и спомен обележја.

Еден коментар

  1. Супер, остануваат уште неколку споменици од проектот Скопје 2014 кои го попречуваат нормалното движење низ градов, но и диво поставените споменици на разни УЧК борци кои се посеани низ Скопје и низ западна Македонија. Би сакал да го видам и нивното отстранување, да не испадне дека само „ние“ се чистиме од ѓубрето.

Испрати коментар

Scroll To Top