Утре (3 март) со почеток во 19 часот, во објектот „Чифте Амам“ ќе се одржи свечено отварање на третото издание на изложбата „ Османлиски културни белези во Македонија“.
Изложбата со претходните две изданија во 2014 и 2015 година беше проследена со голем интерес од љубителите на уметноста.
На изложбата ќе се прикажат музејски предмети- експонати, фотографии и документи од разни градови на Македонија.
– Со оваа изложба ќе имаме можност да сведочиме за белезите на отоманската уметност и естетика кои се проширени низ сите краиште на земјава, вели организаторот Институтот „Јунус Емре“.
Изложбата ќе биде отворена до 13-ти март.