Шпанската архитектка, Ана Морсиљо Паљарес (Ana Morcillo Pallarés) ја објави книгата посветена на „Јавните простори на Менхетн / Espacios públicos de Manhattan“, уредена од Routledge, дело кое повикува да се размисли околу потребата за ревитализација на урбаните простори по модел на Менхетен.
Рефлексија, анализа и презентација што може да се види во еден современ Њујорк, или подобро во еден негов дел, Менхетен, кој по повеќе векови се уште го оправдува епитетот на истражувачки урбан модел кој се реинтерпретира себе си постојано.
Публикацијата повикува на трезвено размислување за ревитализацијата на јавниот простор, со акцент на интеракцијата што ја поттикнува меѓу граѓаните, а која ги продуцирала најголем дел од намерите на авторите на проектот. Една можност која не само што се бави со важноста на димензионирање на јавните простори и нивна анализа, туку посветува особено внимание на процесот како истите да станат повторно видливи.
Книгата „Јавните простори на Менхетн“ е структурирана во три дела или партиции: Продукција, ревитализација и модификација, преку кои се претставени низа од урбанистички опфати или сразмерно помали архитектонски интервенции и нивниот удел во моделирањето на јавниот простор во Њујорк. Налик на своевидно истражување на урбани механизми, правни регулативи и планирање за трансформација на градот.
Властите го разбираат јавниот простор на Менхетен како феномен сам по себе и предмет на проучување, во кој е неопходно да се оствари компромис помеѓу разлилните чинители кои учествуваат во формирањето на градската форма и без кои процесот на создавање и трансформација би бил невозможен. Книгата препознава целосен опсег на улоги кои го повикуваат читателот да учествува во дебатата за тоа како овие интервенции придонесуваат или не кон инклузивноста на јавните површини.
Се работи за студии на случај, кои Ана започнала да ги истражува уште во нејзината докторска теза, давајќи им субјективна критика и посветувајќи особено внимание на историската модификација на градското ткиво преку низа аспекти: правото на чист воздух во урбаните средини, кризата во идентитетот на градот: преку Lincoln Center и High Line.
Делото исто така содржи импресивна фото – документација, и претставува засолниште на повеќе од 50 фотографии (аксонометриски модели на студии на случај), реализирани во соработка со архитектот Едуардо Медиеро и студентот по архитектура Еван Парнес.