Насловна / Вести / Tретата верзија на ДУП JИ09 за Лисиче предвидува два нови парка и помалку згради

Tретата верзија на ДУП JИ09 за Лисиче предвидува два нови парка и помалку згради

Два парка, намален број на станбени површини и решавање на комуналните и инфраструктурни проблеми во Лисиче, предвидува новата, трета верзија на деталниот урбанистички план на Општина Аеродром за дел од населбата Лисиче, направена по разгледување на барањата на граѓаните доставени во рамки на анкетата за втората верзија од планот.

Два нови парка и за скоро за 90% намалување на станбените површини предвидува последната верзија на планот за кој Општина Аеродром веќе објави повик за спроведување јавна анкета.

Во третата верзија се прават и дополнителни интервенции со намалување на бројот на станбени објекти.

aer

Корегираниот предлог план на ДУП за градска четврт JИ09 блок 09.01 Општина Аеродром – Скопје, ќе биде изложен во просториите на ОУ ,,Димитар Македонски’’ улица  Ѓуро Малешевец бр.2 од 10.08.2023 (четврток) до 16.08.2023 (среда).

Јавна презентација на ДУП за градска четврт JИ09 блок 09.01 Општина Аеродром – Скопје ќе се одржи на ден 15.08.2023 год. (вторник) во 17:00 часот, во просториите на ОУ ,,Димитар Македонски’’.

Анкетните листови за учество во Јавната анкета ќе се наоѓаат во просториите на ОУ ,,Димитар Македонски’’ Општина Аеродром, Скопје. Во определениот рок заинтересираните правни и физички лица можат да достават забелешки и предлози по предлог на планот, во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам или во писмена форма.

По завршување на третата анкета и по разгледување на забелешките доставени од граѓаните, Општина Аеродром ќе го достави урбанистичкиот план на мислење до сите засегнати државни институции. Неофицијално, според информациите од Општина Аеродром, досега ниту една државна институција не доставила каква било забелешка по конкретниот план.

Испрати коментар

Scroll To Top