Насловна / Вести / Трета среќа за хрватскиот мегапроект – Пељешки мост

Трета среќа за хрватскиот мегапроект – Пељешки мост

Од понеделникот 30.07.2018, започна да тече договорниот рок за изградба на мостот кој ќе ги поврзува југот на Хрватска со остатокот од земјата, преку територијата на БиХ. Мостот, познат како пељешки мост, треба да биде готов за 36 месеци. Изведувач на работите е кунеската компанија CRBC. Вкупната вредност на инвестицијата е над 420 милиони евра, од кои 85% се финансирани од страна на Европската Унија.
Ова е трет пат како започнува изградбата на мостот. Прв пат овој инфраструктурен проект е инициран од страна на жупанот на оваа област уште во 1997 година, но идејата станува најпозната во времето на премиерот Санадер. Во 2007 година, по втор пат свечено се означува почеток на работите на мостот, чија изградба е запрена во 2010.

На изградбата на мостот, се противеа првенствено бошњачките политичари во БиХ, кои бараа запирање на изградбата, се додека не се утврди морската гранична линија. Партиите кои се концентрирани на бошњачкото избирачко тело, се противат на изградбата на мостот, бидејќи сметаат дека тој би можел да го спречи влегувањето на поголеми пловила во Неумскиот залив, но и да го загрози пристапот на БиХ кон отворено море.

peljeski2

Peljeski

Peljeski3

Испрати коментар

Scroll To Top