Главниот град на Хрватска, трета година по ред се закити со титулата на град со најубав „Адвент“ во Европа. Титулата ја доби благодарение на гласачите на порталот European Best Destinations. Со тоа Загреб зад себе уште еднаш остави над 20 популарни дестинации, меѓу кои се Виена, Будимпешта и Стразбур. „Посетете го Загреб, уживајте во волшебната божиќна атмосфера и откријте ги тајните на градот. Фестивалска и пријателска атмосфера, голем број настани и прифатливи цени“ пишува порталот.
Од туристичката заедница на Загреб велат дека оваа година очекуваат нови рекорди во бројот на ноќевања. Зад Загреб, оваа година меѓу првите пет во Европа се најдоа градивите: Колмар (Франција), Виена (Австрија), Будимпешта (Унгарија) и Стразбур (Франција)