Насловна / Вести / Трета фаза од реконструкцијата на источниот конак во „Св. Архангел Михаил” во Варош

Трета фаза од реконструкцијата на источниот конак во „Св. Архангел Михаил” во Варош

konak-630x289

Стручните екипи на Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј – Прилеп интензивно работат на третата и претпоследна фаза од темелната реконструкција на источниот конак во еден од нај убавите манастирски комплекси „Св. Архангел Михаил” во Варош, Прилеп.

Третата фаза  опфаќа изградба на кат, вообличување на објектот со покрив и изработка и вградување на столаријата.

Работите се одвиваат според предвидената динамика, а со завршувањето на оваа фаза објектот ќе го добие својот конечен изглед, кој поради изведбата во камен во долниот дел,  се добива впечаток како да изникнува од самата карпа. Ваквиот впечаток  дополнително визуелно online casino nbso и естетски ја разубавува сликата за целиот манастирски комплекс сместен во подножјето на Марковите кули.

Новиот конак се гради на вкупна површина од 292 м2 и треба да биде завршен најдоцна до 2015 година.

Реализацијата на проектот за обнова на источниот конак од црквата „Свети Архангел Михаил”, која е главната и единствена манастирска црква во варошкиот манастир, претставува потврда за грижата на Министерството за култура за сите непроценливи културни вредности и културното наследството во Република Македонија.

Испрати коментар

Scroll To Top