Салонот за маникир Kolmio+LIM е дизајн на Yusuke Seki и е сместен во Осака.
Сликата на просторот е составена од дрво и бела заднина за да се рефелектира основната боја на природните розеникави нијанси, па така, просторот сам по себе го претасавува процесот на бојадисување и лакирање нокти.
Цикцак ѕидовите и природното осветлување повикуваат на треперење на сјајниот одраз на лакот и боите на дизајнот, кои ја презенитраат повеќеслојноста на лакирањето.
Yusuke Seki пробал просторно да ја преведе јапонската поговорка „Различни луѓе различни умови“ во „10 луѓе 10 различни бои“, ако се има предвид дека секој човек има различна боја на кожа како основа за бојадисувањето.
Инспирацијата за обоените ѕидови доаѓа од надворешниот изглед на соседните објекти и на тој начин ја инкорпорира естетиката на опкружувањето како продолжена тема во внатрешното уредување.
Динамичните форми на салонот се инспирирани од геометријата на триаголник како најдобра форма за спроведување на функционална врска со центарот на просторот.