Фронтменот на познатата група „Најн Инч Нејлс“, Трент Резнор ја стави на продажба својата современа вила на Беверли Хилс, по цена од 4,5 милиони долари.
Неговата вила е затворена и приватна, со елегантни линии, отворени простори и „драматичен“ поглед. Некои од придобивките од неговата вила се гломазната кујна со француски врати, темно дрвените подови, infinity базен, убава градина и „мастер“ апартман со осветлен камен ѕид.
Исто така, тука е и приватна тераса и спа бања. Гаражата на вилата е претворена во звучно изолирано медиумско студио.
Оваа вила е со површина од околу 700 м2, има пет спални соби и четири бањи.
Инаку, Резнор е најдобро познат како фронтмен на познатата група „Најн Инч Нејлс“. Тој, исто така, има работено на голем број филмови, а најпознати се The Girl with the Dragon Tattoo, Gone Girl и The Social Network. Тој дури го освои Оскарот за најдобар оригинален филм.