Насловна / Архитектура / Тренинг центар за веслање | Покињо, Португалија

Тренинг центар за веслање | Покињо, Португалија

Rowing_Center (12)
Сместен во една од најубавите долини во светот, долината Дуро во северна Португалија, тренинг центарот за веслачки вештини се издвојува како реминисцентен пример на комплексна современа архитектонска мегаструктура.
Rowing_Center (11)
Проектот претставува дело на португалскиот архитект Álvaro Fernandes Andrade  и е компониран од три клучни секции: домување, зона за тренинг и зона од општествен карактер. Основната карактеристика на дизајнот е дефинирана од комплексноста на целината. Објектот се претопува во реинтерпретација на двата секуларни елементи на пејзажното обликување во долината, како периодичните каскадни правци во кои се сместени просториите за домување и доминантните бели волумени за пообемните функционални програми.  Простирајќи се долж теренот, компонентите што го дефинираат центарот се одликуваат со прекршени, необични форми и волуметриска разновидност.
Rowing_Center (1) Rowing_Center (2) Rowing_Center (4) Rowing_Center (3) Rowing_Center (6) Rowing_Center (15) Rowing_Center (13) Rowing_Center (10) Rowing_Center (9) Rowing_Center (8)

Испрати коментар

Scroll To Top