Насловна / Вести / Трендови во кујната за 2015 година

Трендови во кујната за 2015 година

saem-za-mebel-Keln-2015-1

Кујната не претставува само место за приготвување и консумирање на храна. Во поново време таа се трансформира и го зазема централното место во домот, кое служи за собирање на семејството, пријателите и гостите.

saem-za-mebel-Keln-2015-2

Деновиве во нашиот главен град е актуелен саемот за мебел, па анологно на тоа да провериме што од мебел се нуди на саемите во големите европски градови.saem-za-mebel-Keln-2015-3saem-za-mebel-Keln-2015-4

На саемот за мебел во Келн, кој се одржа пред околу еден месец, беа донесени најновите трендови во уредувањето на ентериерите, па така беше претставен и новиот лик на кујната.

saem-za-mebel-Keln-2015-5

Кујните се технолошки поразвиени, било да се работи за кујнските елементи или за кујнските апарати. Во обликувана смисла и понатаму како главен и доминантен елемент се јавува шанкот, кој претставува спој на работна површина и место за дружење.Stand: ALNO, Halle 4.2 saem-za-mebel-Keln-2015-7

Кујните се расчленети, се комбинираат отворени и затворени елементи, а комбинацијата на материјалите исто така е честа. Се комбинираат материјали како камен, дрво, метал, стакло, инокс, и нови материјали кои ги имитираат бакарот, бетонот и цементот.saem-za-mebel-Keln-2015-8saem-za-mebel-Keln-2015-9

Модерни се висечките елементи со врати од обоено стакло, што им даваат на кујните префинет изглед.saem-za-mebel-Keln-2015-11

Неретко елеганцијата се комбинира и со индустриски или рустични детали. Често може да се сретнат шпорети, аспиратори, микробранови печки, рерни и сл. кои се со ретро дизајн и кои му даваат рустичен шмек на целиот ентериер.

saem-za-mebel-Keln-2015-10LivingKitchen 2015, Foto: Ernestomeda, ICON 7saem-za-mebel-Keln-2015-13saem-za-mebel-Keln-2015-14saem-za-mebel-Keln-2015-15Premieren LivingKitchen 2015 / Rational: ZenStand: Warendorf, Halle 4.2

Испрати коментар

Scroll To Top