Одредени трендови заземаа сигурна позиција во дизајнот на ентериери и укажуваат дека имаат намера таму и да останат.
Според истражувањето на порталот ArchDaily, одредени дизајнерски решенија и насоки можат да помогнат да се направат предвидувања за тоа како ентериерите ќе се развиваат во следната деценија. Некои од добро прифатените идеи кои можат да се одржат се следните:
Биофилен дизајн
Собните растенија станаа сосема нов детал во проектите за уредување ентериер, а растенијата или „зелените системи“ со големи димензии се сè поголем тренд. Новиот концепт наречен биофилен дизајн има за цел да одрази одредено ниво на поврзаност на просторот со природата, а природата е интегрирана во архитектурата со цел да се подобри менталното и физичкото здравје на корисниците на просторот, како и целокупниот екосистем.
Употребата на рециклирано дрво, висечки растенија, зелени ѕидови, како и големи ѕидни инсталации се некои од главните трендови во дизајнот на ентериер кои ги гледаме веќе некое време и сигурно ќе ги обликуваат дизајните на ентериерот во следната деценија.
Мебел направен од природни влакна
Употребата на природни влакна како ратан и трска во производството на мебел станува многу популарна, па затоа и употребата на таков мебел во различни ентериери. Овие традиционални материјали најчесто се користат при изработка на столици, осветлување и теписи, а нивната дополнителна предност е што одлично се вклопуваат со помодерни дизајни.
Chubby дизајн
Поединечен мебел со заоблени линии, кој е исклучително актуелен во различни простори, им дава младешки, забавен и модерен изглед.
Лаци
Примената на лачни елементи е типична за традиционалната архитектура, а сега, благодарение на интересот на архитектите и дизајнерите, во форма на лачнии отвори, прозорци или огледала, тие се често присутни елементи во ентериерот.
Благодарение на лаците, станбените простори добиваат потопол изглед, а со употребата на заоблени форми во форма на украсни шари на ѕидовите се поддржува органскиот дизајн.
Интегрирани работни зони
Флексибилноста на просторот за живеење е секогаш добредојдена, особено во денешно време кога работата од дома често е единствената опција. Имајќи го ова предвид, работните области во рамки на станбениот простор се сè понеформални и често коегзистираат со другите простори за живеење. Ова доведува до појава на мини работни елементи кои се интегрирани во поголеми парчиња мебел.
Невидливи рачки
Скриените рачки или механизмите се решение кое доведе до можност за реализација на компактни и минималистички кујни. Секако, ваквите механизми често се користат и на други елементи на мебел, а целта е секогаш иста: добивање чисти површини, кои ќе пленат со својата елеганција.
Скали интегрирани во мебел
Просторот под скалите речиси секогаш добро доаѓа при организирање дополнителен простор за складирање. Во некои проекти, скалите добиле и дополнителна функција, па станале составен дел од системот на ѕидните полици или просторот под скалите станал работно катче.
Шарени бањи
Паралелно со се поголема употреба на светли и смели бои на ѕидовите и мебелот, бањите исто така почнаа да ја прифаќаат бојата на храбар, но елегантен начин. Архитектите и дизајнерите често ги користат бањите за своите најимагинативни креации.
Отворени и флуидни животни простори
Сè повеќе се избегнува формално одвојување на просторите за живеење. Сè повеќе се претпочитаат идеи за поставување драперии кои ги одвојуваат просторите или со примена на флексибилни панели.
Терацо
Овој материјал, користен во венецијанските куќи пред повеќе од 500 години, првично се врати во ентериерите во 70-тите години на минатиот век, за повторно да направи дизајнерски бум во 2019 година. Терацо како што често го гледаме денес е композит од поголеми парчиња мермер, гранит, кварц и стакло, кои имаат повпечатлив дизајн.
Сигурно е дека терацо ќе продолжи да се користи и во следната деценија, но не само на подови, туку и на ѕидови, како и на работните површини и мебелот во кујната. Дезен на терацо веќе може да се види на тапети, ткаенини, па дури и на теписи.
Дрво и бетон во нивниот сиров изглед
Изложеност на дрво и бетон на подови, ѕидови и други елементи од ентериерот веќе може да се види многу често во изминатите неколку години.
На овој начин просторите добиваат потопол, но често и поелегантен изглед, а воедно придонесува и за буџетот, бидејќи конструктивните материјали се и завршна обработка. Овие материјали имаат и дополнителни квалитети, како што се издржливост и намалена потреба од одржување.