Меките линии и софт минимализам, кои веќе извесно време владеат со дизајнерската сцена, ќе останат со нас и во новата година, сигурните беж нијанси исто така остануваат во ентериерите за рамнотежа, а ќе се продолжи со посветување на оригиналноста на внатрешни ѕидови. Дали смеете да бидете храбри кога станува збор за уредувањето на вашиот дом и да му пристапите со многу индивидуализам, тука е клучот на успехот. Кога ќе се подвлече линија – дизајнот на ентериери во 2025 година е насочен кон создавање простори кои се функционални, одржливи и персонализирани во исто време. Подолу ви пренесуваме некои од главните трендови.
Индивидуализам со додаток на максимализам
Минималистичките трендови беа сеприсутни во изминатите неколку години, а оваа година ќе бидат надминати од максимализам. Тука стапува на сцена индивидуализмот, а chaotic customisation прилично добро го објаснува предвидувањето – приспособете го сопствениот хаос за да ви одговара. Спротивно на минималистичките трендови, максимализмот ја освојува 2025 година, умерено со дозата на шарм што ја сакате. Персонализацијата достигнува нови височини со единствени комбинации на дезени, текстури и бои. Секој простор раскажува своја приказна, а хаотичното прилагодување носи изразито индивидуализирани елементи, од уникатен мебел до рачно изработени детали.
Колку што е можно повеќе природа во ентериерите
Секогаш бараме нови начини за поврзување со природата, а тоа значи присуство на зеленило во куќата. Оваа година фокусот е на бројот, големината и локацијата на прозорците за да се подобри врската помеѓу внатрешните и надворешните простори. Стаклените ѕидови ќе станат многу популарен начин за постигнување на таа цел, но не и единствен. Внатрешните градини и собните растенија се сè повеќе барани, а водата и каменот се вградуваат во дизајнот за да се создаде смирувачка атмосфера. Овој тренд е инспириран од модернистичките куќи во Бразил и Јапонија каде архитектите создаваат компактни тропски градини кои помагаат при вентилација, осветлување и зазеленување на ентериерот.
Повеќенаменски простори и детали
Современиот начин на живот се повеќе наметнува приспособливост како средство за опстанок, па така и домовите се преуредуваат во согласност со новите начини на живот. Повеќенаменските простори, како што се дневните соби кои стануваат и работни простори или кујни кои служат и како социјални простори, ја одразуваат потребата за флексибилност. Модуларниот мебел и паметните решенија за складирање го олеснуваат прилагодувањето на просторот на различни потреби.
Сите топли нијанси на кафена и неутрални тонови
Изгледа дека Pantone беше на вистинскиот пат со нивната боја на годината за 2025 година, Mocha Mousse, бидејќи кафените тонови и неутралните се во центраот на вниманието. Не дека не се користени досега, но дефинитивно остануваат и оваа година. Добро се комбинираат и со заоблени дизајнерски линии кои помагаат за мека естетика. Покрај сите видови неутрално-беж-кафени нијанси, забавно е да се игра со маслинесто зелена, теракота и темно дрво. Тоа е пристап кој води до смирувачки и релаксирачки ентериери.
Комбинирање на материјали
2025 година носи смела комбинација на различни текстури, тренд кој ја нагласува хармонијата низ контрасти – комбинирање на различни материјали во единствена целина. Овој пристап ја редефинира естетиката на просторот, спојувајќи спротивни елементи како што се топлината на природното дрво и грубите индустриски материјали како бетон или метал. Во оваа врска, спротивностите се привлекуваат, а резултатот е импресивен ефект во дизајнот на ентериери.
Игри на ѕидови
Ѕидовите во новата година стануваат игралишта за бои, форми и текстури. Очекувајте имагинативни галериски ѕидови кои комбинираат слики, принтови и необични украсни предмети. Неочекувани форми, големини и разновидни типови рамки внесуваат разигран и опуштен впечаток во секој простор.
Дизајн за сите пет сетила
Без разлика дали станува збор за мирисот на домот кој доаѓа од внимателно избраниот уред за мирис или светлата што се вклучуваат автоматски, сетилниот дизајн станува сè поважен. Вклучува визуелни и невизуелни елементи за да ги активира сите пет сетила: вид, звук, допир, мирис и вкус. Целта е да се создадат простори кои не само што се визуелно привлечни, туку и овозможуваат целосно искуство преку внимателно дизајнирани детали кои ги допираат сите сетила. Од мелодии кои го исполнуваат просторот, текстури на ткаенини кои повикуваат на допир, до мириси кои создаваат атмосфера, па дури и вкусни елементи како внимателно поставени слатки задоволства – сетилниот дизајн го трансформира домот во место кое поттикнува поврзување, релаксација и задоволство.