Во светската модерна архитектура се набљудува тенденција да се овозможуваат непречени погледи нанадвор, користејќи огромни застаклени полиња и минимална видлива конструкција на фасадните елементи. Во индивидуалните објекти за домување се повеќе фигурираат лизгачки системи со големи широчини и катна височина од под до плафон, со цел транспарентна естетика на фасадата, но и чувство на поврзаност со природата во удобноста на својот дом.
Системите на Schüco од линија PD (Panorama Design) имаат тесни алуминиумски рамки сведени до минимална видлива широчина, со можност сите рамки да бидат вградени и сокриени во подот, ѕидовите и плафонот. На тој начин се добива целосно застаклена естетика по контурата на елементот и совршено тенки и елегантни профили во делот на врската помеѓу две крила.
Системот на алуминиумски лизгачки врати Schüco ASS 77 PD (Panorama Design) овозможува застаклување од под до плафон, лизгачки елементи во висина на просторијата и минимална видлива ширина од 37 mm во областа на преклопување на двете профилни крила.. Тесните видливи широчини на профилите, флексибилните опции за дизајн и опцијата за рачна или електронска контрола се само некои од предностите на системот.
Системот не само што изгледа добро, туку ги исполнува и највисоките барања во однос на леснотијата на користење и безбедност. Интегрираната технологија за автоматско движење и заклучување ја максимизира удобноста на корисникот. Високото ниво на безбедност е обезбедено со интегрираната заштита од повреда на прстите и сензорите за инфрацрвена светлина вградени во таванот за следење на влезната површина. Интелигентната технологија на сензор обезбедува максимална удобност и сигурност.
ОСНОВНИ ПРЕДНОСТИ
- Малксимална слобода на проектирање
Благодарение на тесната видлива ширина на профилот и рамката сокриена во ѕидот, системот Panorama Design обезбедува максимална транспарентност. - Погоден за нестандардни решенија
- За поголема слобода и бескрајни погледи, системот Panorama Design нуди целосно стаклени агли, како и агли од 90° што може да се отворат.
- Компатибилен со фасадата тип “Panorama design” Schüco FWS 35 PD
Хармонична комбинација на лизгачки модули со фасадата Schüco FWS 35 PD создава висококвалитетен дизајн со оптимална видливост дури и во тесни агли.
- Рамен праг за непречен премин
Намалената висина на монтирање на рамката (90 mm) обезбедува рамен праг и лесен премин од внатре кон надвор - Отпорност на провала
- Лизгачкиот систем Panorama Design нуди отпорност на провала до RC 2.
НОСИТЕЛ НА НАГРАДИ
Во 2012 година, лизгачкиот систем Schüco ASS 77 PD беше награден три пати со наградата за дизајн на производи iF, златната награда за дизајн на производи iF и наградата Red Dot: најдобар од најдобрите. Уникатната естетика и префинетост е само една од неговите победнички карактеристики.
Во 2018 година системот ги освои iF Design Award 2018 и Red Dot Award 2018 за иновативното решение: комбинација на лизгачки и фасадни системи со панорамски дизајн.
Детални информации можете да добиете со контактирање на компанијата Alukönigstal, која е лиценциран претставник на брендот Schüco за Македонија.