Освен со боите и текстурите, дизајнерите на керамички плочки знаат да си поиграат и со нивниот облик.
Во понудата на производителите на керамички плочки сè почесто може да се видат плочки во форма на шестоаголник, односно хексагонални форми. Италијанската дизајнерка Лавиниа Модести и Аргентинецот Хавиер Деферери осмислија серија на плочки под име Xgone за компанијата Mirage.
Основните модули можат да се комбинираат на безброј начини. Покрај основните хексагонални плочки во понудата се и декор-плочки кои овозможуваат поставување на помали шестоаголни плочки во внатрешноста на поголема шестоаголна форма. Тоа создава прекрасни шарки кои создаваат амбиенталност и несекојдневност во просторот.
Палетата на бои е посебно одбрана за да се овозможи неограничен број на комбинации на плочките со декор и основен модул. Дизајнерите нудат неколку решенија, но конечниот број на различни комбинаторики во изгледот е огромен.
Иако може да претставуваат потешкотија за мајсторите за нивно поставување, овие плочки создаваат уникатен печат во енетериерното уредување.